344
Случај на Омикрон варијанта на Ковид-19 – XBB.1.5 е идентификуван во Бугарија, соопшти Националниот центар за заразни болести. „Кракен“ е откриен кај човек во Софија.
СЗО ја следи таа варијанта поради нејзиниот потенцијал за забрзано ширење и намалена неутрализација со вакцина и природен имунитет од претходните варијанти на Ковид, соопшти Центарот.
Пациентот е на домашно лекување, јави БТА.