Денес е убав ден за Македонија, убав ден за СДСМ, затоа што покажавме во еден ден огромна и силна волја на проевропските сили, на нашата партија, силна граѓанска поддршка и организациска супериорност. Во истиот ден се враќам од осмомартовскиот марш во Кавадарци во организација на Форумот на жени на СДСМ каде што имаше присутно над 6.000 луѓе.
Во истото тоа време, во истите неколку часа ги собравме неопходните потписи за поддршка на кандидатурата за вториот мандат на претседателот Стево Пендаровски и вечерва имаме и конгрес во 18:00 часот кога ќе ја потврдиме кандидатурата на претседателот Пендаровскик на веќе собраните потписи. Тоа за нас кажува многу, тоа за нас значи силен поттик за кампањата и мотивација дека и во првиот круг победа на Пендаровски над останатите кандидати“, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во живо на Канал 5 Телевизија.
Тој додаде дека крајот на вториот мандат на Пендаровски ќе биде 2029 година и дека тоа е реален рок да се завршат преговорите со ЕУ.
„Крајот на вториот мандат на Ковачевски како премиер и ние во тој мандат планираме да ги завршиме преговорите со Европската Унија. Пендаровски покажа стабилност, покажа сигурност, покажа дека ја води државата на прав пат, во неговото време станавме членка на НАТО, и во неговото време и секако во времето на премиерот Ковачевски ги отворивме преговорите со ЕУ. Тоа не се мали достигнувања. Да не заборавиме дека претходно имавме 10 празни години на Ѓорѓе Иванов коишто се надевам никогаш нема да се повторат и се надеваме дека никој нема да даде поддршка односно граѓаните нема да дадат поддршка за да имаме уште едно издание на претседател како што беше Иванов, а тоа би била Сиљановска или некој од останатите“.
Тој додаде дека СДСМ е сигурна дека Пендаровски ќе добие поддршка за втор мандат затоа што се покажа на дело.
„Нема европска Македонија и нема стабилна Македонија без СДСМ и затоа ние сметаме во оваа кампања ќе ги изнесеме сите наши резултати од изминатите 7 години како влада коишто не се малку, и во однос на европската приказна за Северна Македонија и во однос на платите и пензиите и заштита на животниот стандард во овие тешки и кризни години и во однос на справувањето со сите тие проблеми и во однос на продолжување на вистинскиот курс на државата со отварање на сите отворени прашања коишто ни беа на маса и коишто ќе ни престојат за подобрување на оној скор од претходните 7 години. По парламентарните избори на 8 мај СДСМ повторно ќе биде носечкиот столб на новата влада“, заклучи Маричиќ.