707
На утрешната собраниска седница ќе се гласа за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски. Ова го потврди и претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Откако денеска Антикоруциската комисија даде мислење дека има законски пречки за разрешување на Зврлевски, попладнево пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од дебата за Зврлевски.
Со тоа е отстранета кочницата за разрешување на јавниот обвинител: бескочните реплики и контра-реплики меѓу пратениците на опозицијата.