Крај на кариерата за Касилјас

by fokus

Искусниот шпански голман Икер Касилјас ќе мора да ја прекине својата професионална кариера, пренесуваат медиумите од Шпанија.

Познат шпански кардиолог, Хуан Антонио Корбалан објасни дека нема шанси повеќе Касилјас да се врати на фудбалскиот терен.

„Икер нема да може да се занимава со професионален спорт, откако доживеа инфаркт. Не може да игра фудбал со стент, кој му е вграден. Ќе може да живее нормален живот, но за него кариерата е завршена“, вели Корбалан.

Поврзани новости