Јаков Милатовиќ победи на претседателските избори кои денеска се одржаа во Црна Гора и со тоа го испрати во историјата Мило Ѓукановиќ кој 30 години беше на чело на државата.
Според конечните прелиминарни резултати од вториот круг на претседателските избори во Црна Гора, Милатовиќ освоил повеќе од 60 отсто од гласовите.
Милатовиќ беше избран за кандидат на вижењето Европа сега (ПЕС) за претседател на Црна Гора на крајот на февруари годинава. По објавувањето на кандидатурата, тој рече „дека на 2 април ќе го испрати Ѓукановиќ во политичка пензија“.
Премиерот Дритан Абазовиќ му ја честиташе победата на Твитер.
-Му честитам на Јаков Милатовиќ за неговиот избор за прв европски претседател во историјата на Црна Гора! Мисијата заврши. На Црна Гора и претстои светла иднина. Ќе работиме заедно за европска, граѓанска и еколошка држава, напиша Абазовиќ на Твитер.