Крадците кои вчера ограбија банка во Ѓорче Петров го запалиле возилото со кое го извршиле делото

by Fokus

Крадците кои вчера ограбија НЛБ Банка во Ѓорче Петров го запалиле возилото со кое го извршиле делото, пренесуваат од МВР.

„На 17.01.2020 во 10.55 часот во СВР Скопје, Е.С.(26) од Скопје, вработена во банка, пријавила дека во експозитура на банката на ул.„Исаија Мажовски“ во Скопје три лица со закана со оружје над вработените одзеле пари. Исто така, М.Д.(60) од Скопје пријавил дека на висечкиот мост кај стадион „Ѓорче Петров“ и с.Лака, забележал три вооружени лица, а во нивна близина опожарено возило, по што лицата со друго возило се упатиле кон с.Крушопек. Од полициски службеници е констатирано дека станува збор за патничко возило „опел вектра“, со скопски регистарски ознаки, кое било користено за претходно извршеното разбојништво. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додаваат од МВР.

Поврзани новости