Популарната ТВ водителка Лила Стојановска вчера била ограбена. Во нејзиниот дом на улицата ,,Џон Кенеди’’ во Скопје, во тек на денот непознат сторител извршил тешка кражба, при што ја оштетил водителката за околу 5.000 евра.
Како што информираат од МВР, сторителот со употреба на погоден клуч ја отворил вратата на станот на Стојановска и одзел лап топ, 200 евра, златен и Сваровски накит. Она што е интересно за обожавателите на Лила, е тоа што во дневниот билтен од страна на МВР е наведена и нејзината возраст.
Присутна на сцената околу две децении, таа секогаш одбиваше да открие колку години има, а поради младешкиот изглед, гледачите неретко си правеа претпоставки на социјалните мрежи, и во коментари пишуваа дека најверојатно има помалку од 40 години.
Сепак, настанот со крадецот ја откри нејзината тајна, и возраста на Лила не е повеќе непозната за нејзините фанови – таа има 47 години.
Стојановска ја потврди веста за кражбата, која се случила додека во станот не биле присутни водителката и нејзиниот син Филип. Од МВР информираат дека бил извршен увид и се работело на целосно расчистување на случајот.
Вики Клинчарова