Крадецот од канцелариите на МИА украл мобилен телефон и два лаптопи

by Fokus

Еден мобилен телефон и два компјутери се украдени од просториите на Македонската информативна агенција, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 00.56 часот, пријавено е дека во периодот од 22.00 часот на 06.01.2018 до 00.30 часот на 07.01.2018 година непознат сторител извршил тешка кражба во деловните простории на А.Д. МИА на ул. „Бојмија“. Сторителот со употреба на погоден предмет го скршил катанецот од решетките од задниот влез на агенцијата, влегол внатре и одзел  еден мобилен телефон и два преносни компјутери со оригинални торби, по што побегнал во непознат правец. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 70.000 денари, а причинил и материјална штета од околу  5.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости