Србин е фатен во Битола додека краде во црква

by Fokus

Денеска полициски службеници од полициската станица од општа надлежност при СВР Битола го уапсиле Н.М.(36) од Р. Србија.

Тој бил фатен на дело додека извршувал тешка кражба во црквата „Св. Недела“ во Битола, од каде одзел пари.

Лицето е лишено од слобода и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.

 

Поврзани новости