Крадец призна дека украл 25 милиони фунти од Тамара Еклстон

by Fokus

Југослав Јовановиќ (24) од Милано, Италија, признал дека учествувал во криумичарење на пари и накит во вкупна вредност од 26 милиони фунти. Парите ги украл од домовите на познатите личности во Велика Британија, но имал и помошници.

Според наводите, крадецот бил дел од меѓународна група којашто, меѓу другото, упаднала и ја ограбила вилата на Тамара Еклстон во Кенсингтон. Само оттаму украле пари во вредност од 25 милиони фунти.

Тамара Еклстон во тоа време била на одмор во Финска со нејзиниот сопруг Џеј Рутланд и ќерката Софија, а тоа се случило во декември 2019 година.

Освен Тамара, жртви на кражба биле и поранешниот фудбалер Френк Лампард и Вичаи Шриваданапрабха – покојниот сопственик на фудбалскиот клуб Лестер сити. Полицијата не успеала да го земе накитот и парите од трите споменати грабежи. Се претпоставува дека украденото е однесено во странство.

Југослав ќе биде осуден на 15 ноември, како и Италијанците Алесандро Малтезе и Алесандро Донати, кои исто така се екстрадирани во Британија. Четвртиот провалник по име Даниел Вуковиќ никогаш не е фатен и наводно се наоѓа во Белград.

Романските државјани Александру Стан, Сори Марковици, Марија Местер и Емил Богдан Савастру во јануари лани беа ослободени од обвиненијата за вмешаност во кражбите.

Поврзани новости