568
21-годишник е фатен на дело од домаќинот како претура по дневната соба во куќата на улицата „Македонска преродба“. Кога го видел сопственикот на куќата, 21-годишниот М.Д. физички го нападнал и го напуштил местото на настанот.
Настанот се случил синоќа околу 23.00 часот. Според полицијата М.Д. украл неутврдена сума на пари, но му испаднале додека бегал.
По кратко време од страна на полициски службеници бил пронајден и приведен во ПС Ѓорче Петров, и во него биле пронајдени 5.500 денари. Од полицијата додаваат дека се работи на целосно расчистување на случајот.