Крадец фатен додека крадел мобилен телефон на автобуска станица

by fokus

Вчера на автобуска постојка на бул.„Кузман Јосифовски Питу“, полициски службеници од Одделението за криминалистичката полиција при ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Р.А.(43) од Скопје.

Тој бил фатен при извршување џебна кражба, при што од јакната на В.Л.(76) од Чучер Сандево, скопско, одзел мобилен телефон. Исто така, тој бил баран и поради сомнение за извршени уште две џебни кражби на подрачјето на Скопје.

Лицето било задржано во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости