Коѕијас твитна: Се обидоа да ме закопаат, но заборавија дека сум семе

by fokus

Никос Коѕијас, министерот за надворешни работи на Грција кој поднесе оставка, а која премиерот, Алексис Ципрас, ја прифати, со краток твит денеска попладнево и се обрати на јавноста.

Во твитот Коѕијас ги цитира зборовите на грчкиот поет Дионис Кристијанопулос.

„Доаѓа моментот, како што вели поетот, кога мораш да одлучиш каде ќе одиш и кого ќе напуштиш. Работната група и повеќе министри ги донесоа своите одлуки вчера, а јас ја донесов својата. Како и да е, добро е да се потсетиме на стихот: Се обидоа да ме закопаат, но заборавија дека сум семе“, напиша Коѕијас.

Поврзани новости