609
Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас по седницата на советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел изјави дека Скопје сакало лесно решение, а тие сакале фер и одржливо.
-Мислам дека и двете страни се согласуваме дека треба да се бара решение. Скопје верува дека треба да биде лесно решение за нив, ние веруваме дека треба да е решение што ќе издржи низ времето и ќе биде фер, рече Коѕијас.