Имавме информација од владата во Скопје дека на референдумот ќе излезат помеѓу 40% и 45%. Ние, пак, мислевме дека излезноста ќе биде 41 %. Се покажа дека одзивот беше понизок и од тоа, вели министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ.
Ниската излезност Коѕијас ја објаснува со непрочистениот избирачки список, стар над 20 години. Вистинското гласачко тело е малку над еден милион граѓани, вели тој, посочувајќи дека над 300 000 илјади граѓани се отселени од земјата. Сепак, посочува грчкиот министер, референдумот не ја условува имплементацијата на Договорот.
-Референдумот не е ниту услов, ниту правно барање за имплементација на Договорот од Преспа, туку е избор на Скопје. Доколку пропадне процесот за имплементација на Договорот за промена на името, соседната земја ја очекува најлошиот пат – вели Коѕијас.
Според него, Иванов нема легитимитет да го оспорува догoворот од Преспа бидејки тој самиот е избран со 520 000 гласа, додека на референдумот гласале 100 000 граѓани повеќе.
– Иванов за претседател и Заев за премиер биле избрани со помал број гласови од гласовите што ги доби „ЗА“ на референдумот – додава тој.
Во однос на она што следува по референдумот, рече дека ако Заев не ја добие битката во Собранието, според негово мислење, „ во секој случај ќе ги добие следните избори, тоа го велат резултатите од референдумот“.
Коцијас е категоричен и дека Преспанскиот договор ќе биде ратификуван и во грчкиот парламент, а дури потоа ќе се оди на избори. Во однос на тоа што нивниот коалиционен партнер, лидерот на Независни Грци отворено не го поддржува догворот, Кацијас вели дека тоа е само една мала кавга во бракот меѓу Сириза и Независни Грци.