460
По потпишувањето на договорот за името, шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, во интервју за грчкото радио „Алфа989“, изјави дека Грција се стремела кон три работи – да се смени името за да се разграничи од грчката Македонија, да биде ерга омнес и да се направат уставни промени.
Коѕијас во интервјуто ја критикуваше опозициската Неа демократиа, го повтори неговиот став дека опозициските партии и во двете земји имаат идентични позиции и додаде дека „Неа демократиа функционира како партиски огранок на ВМРО-ДПМНЕ во Атина“.