Коѕијас добил писмо со куршум поради „македонското прашање“

by fokus

Грчкиот портал iefimerida.gr , објави дека пред посетата на Македонија, на министерот за надворешни работи Никос Коѕијас, му било доставено писмо-пратка со куршум.

 Пораката била дека куршумот е заради неговата улога во решавање на ,,македонското прашање“. Пратката била дистрибуирана на почетокот од неделата што изминува до Министерството за надворешни работи, адресирана за министерот Коѕијас.

 

Пратката и куршумот се испратени на вештачење. Никос Коѕијас добивал заканувачки писма и на почетокот на февруари и тоа повторно заради ,,македонското прашање“.

Поврзани новости