Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, во интервју за грчкото радио „Њуз247“ изјави дека добил огромен број смртни закани за него и за неговото семејство, куршуми и кутии полни со крв и земја натопена со крв и многу закани, откако почнале преговорите со Македонија за името.
-Имам добиено 800 писма со закани за мојот живот и на моето семејство. Имам добиено кутии полни со крв и ми велат ќе има крв од моето семејство. И кутии со почва полеана со крв. Имам добиено различни големини на куршуми. Каде е обвинителот? Овде немаме само клевета, овде имаме кривични дела што стигнуваат до злосторство. Исто како и со обидите, владата или министрите од владата, да не ја извршат нивната должност според нивен избор како што одредува Уставот, туку врз основа на уцени и закани. Ова се тешки злосторства, според грчките закони, за кои не гледам некој да реагира“, рече Коѕијас во интервјуто и додаде дека ги нашол и имињата и адресите и телефонските броеви на луѓето што телефонски му се заканувале, но, обвинителот не реагирал со апсење.