Убеденост дека до јуни ќе се реши прашањето за името, изразува шефот на грчката дипломатија во интервју за Ројтерс и вели дека решението е во интерес и на Грција и на регионот.
– Во животот, Александар Велики докажа дека треба да ги сечеме Гордиевите јазли. Во еден момент, треба да завршиме со такви прашања – вели Никос Коѕијас во интервјуто за Ројтерс, јавува дописникот на МИА од Атина, а изразува и оптимизам дека решение може да има до јуни, објаснувајќи дека тоа е во интерес на сите.
– Сакаме да го решиме. Тоа е во наш национален интерес и во интересите на регионот, за стабилност, безбедност и економски раст – вели Коѕиас за Ројтерс и додава дека постои нов моментум по промената на власта кај нас, а ја споменува и нацрт спогодбата што Грција ќе ѝ ја достави на Македонија.