Коѕиас во интервју за Еуроактив: Не треба да се создаде „втор Груевски“

by fokus

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас во интервју за „Еуроактив“, изјави дека новата македонска Влада ја потсмирила реториката и има покоректна комуникација. Тој нагласи дека не треба да се создаде „втор Груевски“ и истото им го посочил на неговите пријатели во Европската Унија.

„Европа мора на добар начин да ги едуцира лидерите во Скопје за концептот на политички компромис и за културата на политички консензус. Кога станав министер за надворешни работи, им кажав на сите страни дека на некој начин „ги разгаливме“, бидејќи несоодветното однесување кон нас ќе го применат и во домашната политика. Сите видовме како Груевски го примени истиот концепт во својата земја“, вели Коѕиас.

Коѕиас во интрвјуто додава дека им порачал на своите пријатели во ЕУ да не создаваат „втор Груевски“, затоа што Заев ги има сите услови да разбере и да се отвори кон реално решение.

Коѕиас истакна дека сепак суштински се уште ништо не е сменето, но дека за време на војата посета на Скопје во август, ќе разговара со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, за прашањата што не биле отворени на средбата во Атина, меѓу кои најверојатно и спорот за името.

 

 

Поврзани новости