467
– Моја претпоставка е дека по завршувањето на изборниот процес во Македонија и изборите на 11 декември, сигурно од многу страни ќе има поттикнувања за решавање на спорот за името. Следствено, после изборите, ова прашање треба да биде предмет на консултации меѓу двете министерства за надворешни работи и да не го оставаме на трети. И со помош, се разбира, на медијаторот Метју Нимиц – изјавил Никос Коѕиас, министерот за надворешни работи на Грција во интервју за весникот „Катимерини“.