416
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас вчера го информирал премиерот Алексис Ципрас за посетата на Македонија.
Државната агенција МИА пренесува грчки медиуми кои известуваат дека Атина смета оти разговорители поминале во добра клима и дека е постигнат напредок, меѓутоа и понатаму останува разликата во однос на македонскиот Устав, бидејќи „грчката страна не отстапува од барањето за уставна ревизија, не само во однос на името туку и во однос на иредентизмот“.
Инаку, средбата меѓу Ципрас и Коѕиас не била најавена ниту од премиерскиот кабинет, ниту од грчкото МНР.