Кожувчанка ДОО е пример како една компанија треба да се однесува во општеството во која работи и дејствува. Тие секогаш се грижат за граѓаните и помагаат онаму каде што е најпотребно. Така, во овој период го посетија Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас “Кочо Рацин”од Битола каде со одговорните збореа за недостатоците и проблемите со кои се соочува овој завод за деца.
“По нашата прва средба na иницијатива на сопругата на амбасадорот на Словачка амбасада во Скопје, г-ѓа Жанет Маркушова и Здружение Добредојде Македонија -Велком Центар договоривме дека ова е релација која само што започна. Денес, донираме 3 Лаптопа и Монитор на допир, а во иднина ќе се потрудиме да ги следиме потребите за подобрување на функциоирањето на децата во Заводот, но и да ги повикаме останатите компании да ни се приклучат во креирањето на заедничко, подобро општество за сите!” изјави, Митко Јовановски, од Маркетинг секторот на Кожувчанка од Кавадарци.
Нека биде ова еден убав пример и потсетник до сите нас, дека за подобра наша иднина треба да се грижиме таа да биде таква и за другите!
ПР текст