Кожната клиника под клуч, севкупниот персонал во домашна изолација

by Fokus

Клиниката за кожни болести ќе биде под клуч, а севкупниот персонал ќе треба да остане во двонеделна домашна изолација, информираат од Министерството за здравство.

Во моментот, директорката која што е позитивна на коронавирусот е на Клиниката за инфективни болести, а опасност од заразување им се заканува на сите вработени, како и на пациентите кои во таа една недела циркулирале на клиниката или пак биле хоспитализирани таму.

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција го потврди случајот и истакна дека е максимално разочаран од односот на неговата колешка, која требало да преставува пример за граѓаните.

Поврзани новости