Ковид-тестови на диво во „импровизиран пункт“ во дојранско казино

by Fokus

Казиното кое стана познато по грчки ТВ Прилог за лажни негативни тестови било посетено од здравствено-санитарни инспектори на 6-ти јануари.

Станува збор за казиното ДТУ Кинг Еуропе, а истиот ден инспекторите од ДЗСИ ја проверувале и документацијата во приватната лабораторија Елимедика плус од Гевгелија.

Од ДЗСИ велат дека во казиното нашле „див“ пункт за ковид тестирање без никакви дозволи за таа работа и без почитување на правилниците за здравствена заштита.

ПРИ НАДЗОРОТ ВО КАЗИНОТО КИНГ ВО ДОЈРАН Е КОНСТАТИРАНО ДЕКА ПОСТОИ „ИМПРОВИЗИРАН ПУНКТ“ ЛОЦИРАН НА ПРВИОТ СПРАТ ВО АДМИНИСТРАТИВНИОТ ДЕЛ, А НА ТАА ПРОСТОРИЈА ИМАЛО ОЗНАКА „COVID TEST“. ВО МОМЕНТОТ НА НАДЗОРОТ ВО ПРОСТОРИЈАТА ЗАТЕКНАТИ БИЛЕ ТРИ МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА ВО КОМПЛЕТНА ЛИЧНА ЗАШТИТНА ОПРЕМА. ВО ЕВИДЕНЦИЈАТА ЗА ТОЈ ДЕН БИЛЕ ЕВИДЕНТИРАНИ 7 ТЕСТИРАНИ ЛИЦА. ПРИ НАДЗОРОТ ВО ПЗУ ЕЛИМЕДИКА ПЛУС, ПРЕГЛЕДАНА Е МЕДИЦИНСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА СОГЛАСНО ЗАКОНИТЕ КОИ СЕ ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ДСЗИ.

По завршување на надзорите Инспекторатот донел две забрани за вршење на здравствена дејност спротивно на прописите за здравствена заштита односно забранил на лабораторијата да тестира надвор од сопствените лиценцирани простории. Забрането е и воопшто во казино да се тестираат играчи на покер апарати, главно дојдени од Грција. Забраните се издадени и на казиното Кинг и на лабораторијата Ели медикал ДСЗИ.

Поврзани новости