Комисијата за заштита од заразни болести, на денешниот состанок донела препорака, ковид-сертификатите на граѓаните кои прележале Ковид-19 да важат во следните 180 дена, а не како досега 45 дена.
Според доктор Злате Мехмедовиќ, потполно укинување на ковид-сертификатите кај нас сега нема логика.
„Во фаза сме на широка трансмисија на вирусот имаме голем број на новозаразени. Укинувањето на сертификатите кои важат за контрола на движењето на граѓани во затворен простор , може да предизвика поголема трансмисија на висурот, затоа што сертификатот има своја тежина ги штита они кои не можат да ги имаат“, вели Мехмедовиќ.
Тој вели дека околу 45 отсто од населението е вакцинирано со две дози вакцина, додека во Данска на пример, вакцинирани се близу 90 отсто од населението.