Ковид – 19 во повеќе гарнизони на АРМ- заразени 24 припадници на војската

by Frosina Fakova

Вкупно 24 припадници на Армијата досега се заразиле со Ковид-19, велат за „Фокус“ од Генералштабот на АРМ.

Освен заразените припадници на Армијата, околу 70-тина се наоѓаат во самоизолација, а дел чекаат да бидат тестирани. Корона вирусот не ја одмина ни Армијата, но од таму велат дека овие бројки се однесуваат на целиот состав на Армијата во земјава, која брои околу 7.000 припадници.

Сите се наоѓаат во различни гарнизони на ниво на цела Република и сите се заразиле на различен начин.

Според последните официјални информации, во Министерството за внатрешни работи пак има 41 позитивен на Ковид-19, а 180 вработени се во самоизолација.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости