Ковид-19 во Кризниот штаб во Дебар

by Фокус

Член на Кризниот штаб во Дебар е позитивен на корона вирус, дознава „Фокус“ од добро упатени извори. Вирусот повторно започна да се шири во општината, а денес на официјалната страница на Дебар беше објавена веста дека има три нови случаи.

Инаку, во Кризниот штаб членуваат градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, како и директорот на општата болница. Се очекува официјална потврда на веста, како и одлука дали целиот Кризен штаб заминува во изолација.

-Ковид-19 се шири повторно во Дебар, а неофицијално три нови случаи денес. Првата фаза ја поминавме успешно благодарение на дисциплината во почитувањето на превентивните мерки. Олеснувањето на превентивните мерки во втората фаза и небрежноста секако придонесе за ширење на вирусот. Апелираме за грижа и за почитување на превентивните мерки. Избегнувајте собири, држете маски, растојание и дезинфицирајте ги рацете. Во наредните денови се очекува да се зголеми бројот на заразени лица. Ако не се заштитиме, ние ќе бидеме одговорни за сè – информираа на општинската страница.

Вики Клинчарова

Поврзани новости