Вкупната бројка на потврдени случаи со ковид-19 на светско ниво во моментов изнесува 27 296 207, покажуваат податоците на „Ворлдометар“.
Од нив, излекувани се 19,4 милиони, а речиси 900 000 лица починале.
Најмногу од заразените се евидентирани во САД – 6,5 милиони, каде има и најголем број смртни случаи – 193 253.
Индија (4,2 милиони) и Бразил (4,1 милион) се земјите кои според бројот на заразени се на второ и трето место.
Во Македонија, пак, од почетокот на епидемијата бројката достигна 15 090. Од нив оздравени се 12 235, а битката со коронавирусот ја изгубија 617 луѓе. Во моментов, според статистиката на Министерството за здравство има 2 238 активни случаи.
Меѓу земјите во регионот, во Србија досега се потврдени околу 32 000 случаи, во Босна и Херцеговина 21 500, Бугарија има околу 17 000, Косово 14 000, Хрватска 12 000, Грција околу 11 000 и Албанија 10 000.