Ковеси и Јанева ќе се обратат на конференција во Скопје

by Фокус

Романската обвинителка Лаура Кодрута Ковеси, заедно со Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева денеска имаат свои обраќања на конференцијата „Ефикасна борба против високата корупција: прашање на личност или на систем“,  што ќе се одржи во вторник во 10.30 часот во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје.

Според програмата, амбасадорот на САД, Џес Бејли, министерот за правда, Аднан Јашари и првиот извршен директор на МЦМС, Александар Кржаловски, ќе имаа воведни обраќа.

Во програмата што ја испратија од МЦМС не е најавено дека свое обраќање ќе има Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски.

Поврзани новости