443
Ковчегот на кралицата Елизабета пристигна во Единбург, по шестчасовно патување од нејзината летна резиденција во шкотските висорамнини.
По 11 часот, возилото со дабовиот ковчег ги напушти портите на замокот Балморал, каде кралицата Елизабета почина во четвртокот на 96-годишна возраст и отпатува кон шкотската престолнина.
Ковчегот беше обвиен со шкотско кралско знаме со венец од цвеќе набран на имотот Балморал.
Голема толпа се собра во центарот на Единбург за да ја пречека поворката, во која беше и ќерката на кралицата, принцезата Ана, на пат кон палатата Холирудхаус, каде што ја пречека почесна воена стража.
Војниците на кралскиот шкотски полк потоа го однесоа ковчегот во салата со престолот во палатата, каде што ќе остане во текот на ноќта.