Ковачки: Власта со предлогот ѝ овозможува на Бугарија целосен диктат

by fokus

Власта ќе прифати предлог кој во себе содржи механизми кои на Бугарија ѝ овозможуваат целосен диктат на процесот во кој, според опозицијата, или ќе ги прифаќаме нивните барања или ќе добиваме континуирано вето, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

-Тие тврдат дека во рамката за почеток на преговори не се опфатени т.н. историски прашања, но во суштина истата таа рамка содржи Годишен извештај или Протокол кој треба да го цени официјална Софија и од чија содржина зависи напредокот на Македонија. Е токму тука во овој годишен извештај ќе се проценува реализацијата на членот 12 од договорот со Бугарија од 2017 година и во кој извештај таксативно и прецизно бугарската страна бара конкретни промени на учебници за лица и настани, споменици и т.н.

Така на пример, со точен рок се обврзува македонската страна да направи промена на лекции во учебникот за 7 одделение по географија, во учебникот по историја за Цар Самоил, а во некоја наредна фаза и промена на учебниците кои се однесуваат на Илинденското востание, Гоце Делчев, Сандански, Груев и сите видни револуционери и историски настани,кажа на денешната прес-конференција Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости