Ковачки: Власта да не го саботира референдумот

by Фокус

Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, порача дека владејачкото мнозинство не треба да се обидува да изнаоѓа, како што вели, раноразни начини да го саботираат референдумското изјаснување.

-Она што ние го очекуваме од претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери е да постапува согласно законите и согласно Деловникот односно согласно со неговите надлежности – рече Ковачки на Сител.

Тој потенцираше дека власта не треба да си игра со народот и треба да дозволи да се прашаат граѓаните дали се „за“ или „против“ бугарскиот договор.

– Ако сакаат да имаат некаква политичка волја да го опструираат секако дека тоа можат да го направат, меѓутоа да не бегаат од јавноста, да не си играат со народот, значи да дозволат едно референдумско изјаснување, да ги прашаме граѓаните – порача Ковачки.

Поврзани новости