486
До нас стигна информација дека тројца полицајци и еден војник на Косово се влезени на наша територија и дека биле задржани од нашите полицајци во село Орман, обелоденува Драган Ковачки, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Главното прашање е како може припадници на странски униформирани вооружени сили да престојуваат на наша територија без придружба на МВР. Спасовски нека шета по кампањи рамо до рамо, а странски униформирани лица нека ни шетаат во државата“, напиша Ковачки на фејсбук.