Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на која треба да се разрешат замениците-министри за одбрана, за земјоделство и за образование рече дека за заменик министер за образование се предлага лице за кое просветен инспектор утврдил дека има спорна диплома.
– Треба да гласаат за лице за кое просветен инспектор има утврдено дека има спорна диплома односно лице кое за време на 27-ми април беше на најодговорната функција во МВР како министер, а не презема ништо за да се спречи насилството. Тоа лице кое го предлагате за заменик за образование во тоа време е највисок на хиерархијата на МВР и лице кое воопшто не беше повикано на одговорност, рече Ковачки.
Според него, ова парламентарно мнозинство е подготвено да ги разреши замениците и на нивно место да постави луѓе кои доставиле непреведени биографии.