562
Пратеникот и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки преку статус на Фејсбук прогласи двојна победана ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА против СДСМ и ДУИ и побара предвремени парламентарни избори час поскоро.
-ВМРО-ДПМНЕ води 2:1 пред СДСМ. БЕСА убедливо води пред ДУИ.
Криминалната коалиција СДСМ – ДУИ убедливо е поразена во Тетово.
Тетовчани им кажаа НЕ на криминалците од власта. Власта е делигитимирана во Тетово. Ковачевски и Ахмети немаат легитимитет понатаму да продолжат да ја водат владата.
Ковачевски и Ахмети делегитимирани сте. Оставка од Ковачевски веднаш! Предвремени парламентарни избори час поскоро.
Резултатите од Тетово ќе се пресликаат и во цела Република Македонија, напиша Ковачки.