Ковачки попречуваше новинари да земат изјава од директорот на АНБ

by Fokus

Скандалозно однесување на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки денеска во Собранието.

Тој ги попречуваше новинарите кога сакаа да земат изјава од директорот на АНБ Бојан Христовски, обвинувајќи ги дека тајно снимале додека зборувале со Христовски.

По излегувањето од седницата на Комисијата за надзор на работата на АНБ, на која присуствуваше и директорот Бојан Христовски, кој е во центарот на вниманието поради наводниот лажен сертификат за англиски јазик од Пловдив, новинарите на САКАМДАКАЖАМ.МК и на Независен.мк тргнаа по него за изјави.

Само што го почна новинарката на САКАМДАКАЖАМ.МК Соња Делевска разговорот со Христовски, а тој почна да одговара на прашањата, Ковачки почна да го прекинува:„Директоре, ајде, ве чекаат”.

Христовски во одење ја брифираше новинарката за неговите безбедносните сертификати.

Ковачки продолжи да дофрла се додека на крајот не го симна директорот Христовски по скали.

Поврзани новости