Ковачки побара оставка од Пендаровски за случајот со Благојче Илиевски

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден целата македонска јавност беше сведок на трулоста на системот воден од ДУИ и СДС. Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски со години ги злоупотребуваат трагичните судбини на болните од цистична фиброза ветувајќи им лек, се сликаа со нив, ги користеа за себе промоција и на крај ги оставија без нужниот медицински третман, резултат е починат наш сограѓанин на кого Стево Пендаровски лично му ветуваше помош, истакнува Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-После неколку години чекање за набавка на лек и организирање на протести со молење за помош за спас, Власта остана одлепена од реалноста и со игнорантскиот однос уште еднаш докажа дека е глува на барањата на своите граѓани. Ова е фотографија од вест објавена на 15 јуни 2021 година, од Стево Пендаровски со сега веќе починатиот наш сограѓанин Благојче Илиевски, на кого тој му вети помош и лична заложба, но 2 години ништо не направи.

Соопштението од страна на претседателскиот кабинет по средбата на Пендаровски со Здружението на болни од цистична фиброза, уште стои на веб страната на оваа институција, но заложбите на Пендаровски останаа само ветување и злоупотреба на случајот на 130 наши сограѓани во политички цели, вели тој.

Поврзани новости