Пратеникот во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки вечерва на Фејсбук излезе со тврдење дека оперативци на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) денеска наводно биле во Прилеп кога во посета на градот беше лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.
Тој во објавата наведува иницијали на три лица за кои тврди дека се оперативци на АНБ кои, како што вели, цел ден го поминале во Прилеп.
„Следите, прислушкувате и сакате да заплашите. Ниту ви поминувало, ниту ќе ви помине. Доаѓа време за одговорност. За многу кратко време од сега ќе треба да кажете како и што сте работеле со државните ресурси…Во која НАТО држава Агенцијата за национална безбедност наместо да си ја работи работата што и е пропишана со Закон, се фокусира на следење и документирање на активностите на опозицијата? Ковачевски и Спасовски, за секое следење, прислушкување и тероризирање ќе одговарате! Ќе се потсетите на ветувањето кога за тоа дојде време“,напиша Ковачки
e>
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Прилеп каде заедно со градоначалникот на Општината, Борче Јовчевски присуствуваа на увид на изградба на детска градинка во населбата Точила.