,,Кадрите на Мицкоски не ги исполнуваат критериумите на НАТО и Европската унија.
Пратеникот од ДПМНЕ и носител на изборната листа во третата изборна единица, Драган Ковачки, како што објавија медиумите, бил одбиен од НАТО за добивање на безбедносен сертификат.
Прашањето е зошто Ковачки не ги исполнува стандардите за добивање на таков сертификат.
Дали Ковачки издавал државни и воени тајни, дали бил шпион против државата, за чии странски интереси работи, треба да одговорат Мицкоски и ДПМНЕ.
Ковачки е дезертер од Армијата кој армискиот чин го смени за партиски, за да му служи на Мицкоски како пратеник. Познат е по ширењето лаги и дезинформации во континуитет, но и како поддржувач на политиките на ДПМНЕ за изолација, против ЕУ и против НАТО.
Ова е уште една потврда дека со ДПМНЕ е можна само изолација, но и дека кадрите на Мицкоски се безбедносна опасност, тие се анти ЕУ и анти НАТО структури.”,