Ковачки: Насилството пред Собранието е дело на Спасовски и Зечевиќ

by fokus

Насилството пред Собранието е дело на полициските инсталации на СДСМ и  Оливер Спасовски, обвини денеска Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова не е дело на народот, ниту на ВМРО-ДПМНЕ, туку на полициските инсталации на власта кои со предизвикување на инциденти и ескалација, сакаат на брзина да им помине предавството.
Ова впрочем, вчера и го најави Ковачевски кој јавно го соопшти вчерашното сценарио за насилство.
Пионот Ковачевски треба да и одговори на македонската јавност дали позади уфрлените лица за насилство стојат Спасовски и Зечевиќ.
Очигледно е дека не ги бива за работа, но затоа за местенки и саботажи се експерти, рече Ковачки.

Тој побара од Ковачевски и СДСМ да одговорат на следните прашања:

„1. Од каде им се на лицата со фантомки шок-бомби што беа фрлани накај Собранието?

2. Чиј магацин пред месец дена во среде касарна во Охрид беше опљачкан и беа украдени шок бомби?

3. Кој правеше вежби на 7 мај со уфрлени инфилтратори за протести?

4. Од каде знаеја Спасовски и Ковачевски дека најавените протести ќе бидат насилни и кои беа лицата кои ја дочекаа колоната народ од пред МНР што се движеше кон Собранието?

5. Врз основа на кој член од Закон или Правилник, полицијата удира клоци на рбет на легнат човек на земја?

6. Врз основа на кој член од Закон или Правилник, полицијата апси малолетно лице, го носи со лисици на раце, го става во полициско комбе и го носи во станица?

7. Откако веќе инфилтраторите си ја завршија работата и се повлекоа, кој одобри употреба за несразмерна сила од страна на полицијата врз голораките момчиња?“

Поврзани новости