Армискиот офицер Драган Ковачки, кој е висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, најави тужба против министерката за одбрана Радмила Шекеринска, откако беше казнет со 30 посто од плата во период од 6 месеци, поради, како што соопштија од Министерството за одбрана, навреда кон колега.
„Ми наместија дисциплинска постапка за која комисијата составена од генерали веќе се произнесе дека нема елементи за казна, но Шекеринска дополнително си формира своја комисија во која дури има и лица кои се помали по чин од мене и без ниеден доказ донела Решение за да ме казни на плата. Чист аматеризам и своеволие. Сега ќе си добиете по една тужба и тоа што сте го објавиле ќе мора да го докажете, ама не пред партиска комисија, туку пред Суд. А ќе ја повикам и јавноста да го следи процесот“, реагира Ковачки.