Откако премиерот Димитар Ковачевски од партиска трибина во Куманово го повика лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да одговори дали бара од странски политичари да му помогнат да дојде на власт, а кога тоа ќе се случи ќе го смени Уставот, одговор стигна од членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.
„Димитар Ковачевски, човекот кој се крие позади Цаци, поставен да одработи на штета на македонскиот народ и на Македонија, не знае дека народот е тој кој бира и дава и народот е тој кој зема на избори, а не странските политичари, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Вакви лаги како оваа не поминуваат“, напиша Ковачки на фејсбук.
Воедно, тој додава: „Ковачевски зборувал и за храброста. Храброста можеше да ја покажеш тогаш кога беше најпотребно и наместо да дезертираш и да вадиш лажни лекарски белешки, да се бориш за Македонија или пак барем сега кога веќе те поставија таму каде што си, да излезеш на ТВ дуел и на избори па народот да слушне и да види колку си храбар“.