Ковачки: Македонија не се брани под јорган

by fokus

Пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, на денешните пратенички прашања во Собранието, повторно побара да се провери дали премиерот Димитар Ковачевски има деловна способност. Ковачевски пак преходно му одговори дека тој имал абдоменални здравствени проблеми и дека поради тоа не служел војска.

-Еве го видовте дезертерот, лажел тогаш, лаже и сега. Вие сте трајно неспособен. Ако сте трајно неспособен, тогаш треба да ви се утврди деловната способност за да се види дали можете да обавувате државнички работи. Вие сте отпадник од македонското ткиво. Македонија не се сака со затворени очи, Македонија не се брани под јорган, како што сте правеле вие, истакна Ковачки, кој додаде дека Ковачевски не бил премиер туку марионета.

Поврзани новости