Ковачки: Лукаревска е покровител на рекетот и криминалот во државата преку повратот на ДДВ

by Fokus

Драган Ковачки вечерва на Сител ТВ истакна дека СДСМ бега од одговорност и се кријат позади пратеничкиот имунитет, а Сања Лукаревска носителот на листа од СДСМ е покровител на рекетот и криминалот кој што се прави преку повратот на ДДВ-то на фирмите и каде се испумпуваат над 10 милиони евра.

„Знаат граѓаните дека ништо досега СДСМ не направија, видоа, се виде досега нивното катастрофално владеење она што ние го нудиме се 800 милиони евра поддршка за земјоделците. Ја споменавте Сања Лукаревска носител на изборната единица број 3, она што можам да го кажам е дека тие бегаат од одговорност и се кријат на пратеничките листи позади имунитетот пратенички. Зошто, затоа што Сања Лукаревска е носител односно покровител на рекетот во Македонија, како тоа се прави на многу едноставен начин фирмите кои што треба да имаат поврат на ДДВ и овде станува збор на поголемите фирми, УЈП не им го исплаќа повратот на ДДВ, што се случува дали директорката Сања Лукаревска или некои директори што и се нејзе подредени се јавуваат на тие компании и побаруваат од истите тие сопственици на компаниите да извршат уплата за одредена услуга или некоја активност на фирми блиски до СДСМ. Доколку тоа го направат, и тоа некаде во висина од 10 % од повратот на ДДВ им се враќа ДДВ -то на тој начин се испумпуваат околу 10 милиони евра од компаниите. Сања Лукаревска повторувам е човекот кој што го покрива тој рекет, тој криминал, еве може и да се провери“ – посочи Ковачки.

Ковачки додаде дека после формирањето на владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе има истрага и секој ќе сноси одговорност за она што го работел.

„После формирањето на владата ќе се има истрага и секој што правел криминал ќе си одговара, нека си мисли и Сања Лукаревска нека си мислат и нејзините подредени директори“ нагласи Ковачки.

Поврзани новости