535
Тензично е денеска цел ден во Собранието на седницата за францускиот предлог каде со остра реторика настапуваат пратениците.
Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ бурно реагираше зошто во градот има толкаво полициско обезбедување, додавајќи дека прочка нема да има за владејачките функционери.
„Зошто толку полиција, каков идиотизам. Сакате да го замолчите народот. Мислите дека ќе го наместите и народот и опозицијата да влезат во вашите сценарија. Промена на Уставот нема да има. Прошка нема да има за никој. Македонија ја водат уценети криминалци на кои не им се процесуираат кривичните пријави“, рече Ковачки.