Ковачки: Граѓаните не се безбедни, Спасовски наместо да тера кампања за претседател, да си поднесе оставка

by Fokus

Пред 3 дена министерот кажа дека целосно ги разбиле криминалните групи. Денеска, среде бел ден, нова криминална пресметка во трговски центар во Скопје, обвини пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

„Во тој трговски одат секакви категории на лица: возрасни, млади, мажи, жени, родители со деца…
Спасовски повторно ја излажа јавноста. Граѓаните не се безбедни и повторувам:

Полицијата под раководство на СДС и на ДУИ нема никаков авторитет! МВР е мртво ткиво. Наместо Спасовски да тера кампања за Претседател, треба да си поднесе оставка“ напиша Ковачки.

Поврзани новости