Ковачки: Додека Муслиу е директор, неговата сопруга со помош на владата доаѓа до грант од 620.000 евра

by fokus

Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за разузнавање е во центарот на скандал. Додека тој е функционер назначен од Пендаровски, неговата сопруга земала грантови од стотици илјади евра, обвинуваат денеска од опозициската ВМРО – ДПМНЕ.

Велат дека неговата сопруга преку нејзината невладина организација добила грант од 620.000 евра.

-За сопругата на Еролд Муслиу да ги добие парите, Владата морала да склучи меморандум со Конзорциумот на невладини чиј основач е невладината на неговата сопруга.

Во спротивно, сопругата на Муслиу не можела преку Конзорциумот на невладини да го добие грантот од 620.000 евра, велат од партијата.

 

Поврзани новости