Ковачки до Шекеринска: Не е учтиво дама како вас да ме нарекува плачко и лажго

by Fokus

Шекеринска повторно манипулира и објавува детали од интерни армиски постапки за кои цело време предупредувам, реагира Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

„Прво, престанете да манипулирате и кажете и’ на јавноста дека Комисија предводена од генерал не најде докази за тоа за што ме обвинувате, а Вашата комисија во која нема ниеден генерал туку има и лица помлади по чин од мене, Ви достави нарачан предлог. Па од авион се гледа Вашиот притисок врз Вашата комисија.

Институцијата не Ви е партиска играчка да се пресметувате со мене затоа што не мислам како Вас.

Второ, должите да одговорите: Зошто и после година дена се’ уште на вашиот фејсбук профил стои доверлива класифицираната мапа од зона на одговорност на армиска единица?

Трето, дефокусирате од вистинските проблеми:

– Која е улогата на министерот за одбрана во набавките на кинеските вакцини од ФАНТОМ фирмата во Хонг Конг?

– Како може со чиновничка плата да се купи куќа вредна баснословна сума а за багателна цена? Еве ја повикувам јавноста и истражувачките новинари да се заинтересирааат за случајот и да го истражат.

Последно, не е учтиво од уста на дама на толку висока политичка и партиска функција да напаѓате на личност со неумесен речник и да ме наречете плачко и лажго. Нема да се симнам на тоа ниво, но во интерес и добробит на општеството, на сите родители би им советувал такви фрази да избегнуваат пред своите деца“, посочи тој.

Поврзани новости