Ковачки до Ахмети: Грешиш кога мислиш дека ДУИ и Левица одлучуваат за влада

by Fokus

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки упати порака до лидерот на ДУИ, Али Ахмети, додавајќи дека тој треба да знае неколку работи за политичката состојба во Македонија.

„Али Ахмети вчера вели ВМРО да не сонува за создавање мнозинство со Левица. Но, Ахмети треба да знае 3 работи:

1. За нова влада не одлучува Ахмети туку народот на избори. Власта ја дава и зема само народот на избори, затоа толку многу се плашат и бегаат од соочување со народот.

2. Правилото на коалицирање на победник со победник не важи и никаде не е запишано, па стравот на ДУИ од ортачките криминали со СДС затоа им е се поголем.

3. Добро е што со ваквите изјави си ги откриваат спотерите и асовите во политиката, но ВМРО оваа влада ќе ја сруши заедно со народот.

Ортачкиот криминал, значи и ортачка одговорност, веднаш по падот на оваа најкриминална влада“, вели Ковачки.

Поврзани новости